Марта Верина
Првиот дел од Трилогија за „љубовта“ — драма инспирирана од поезијата на Ацо Шопов, која ги истражува љубовта, бракот, родовите односи и општествените норми. Премиерно изведена во Македонскиот народен театар во 2024 година, во копродукција со Перипетија продукција. Англискиот превод е објавен во The Mercurian во 2025 година.СинопсисМарта Верина има триесет и пет години, работи во градскиот архив и знае напамет по една песна за секоја можна ситуација во животот. Но за сопственото минато тешко наоѓа зборови. Петнаесет години по врската што оставила длабока трага во нејзиниот живот, средбата со дваесетгодишниот Вања ѝ нуди можност повторно да почувствува блискост — под услов сè да остане лесно, без ветувања и без прашања.Вања, меѓутоа, не сака да биде само минлива авантура. Додека нивната врска станува подлабока, неговата семејна приказна почнува вознемирувачки да се доближува до нејзината. Околу нив, пријателите играат карти, се шегуваат и се оговараат, откривајќи колку малку знаат за болката зад туѓите избори.Инспирирана од поезијата на Ацо Шопов, „Марта Верина или за мажите, жените и децата“ ги преплетува хуморот, нежноста и болните соочувања во драма за љубовта, мајчинството, премолчените загуби и семејните обрасци што се пренесуваат меѓу генерациите. Во нејзиното средиште е прашањето дали можеме да ја препознаеме љубовта надвор од идеализираните слики — и да направиме место за живот што не го одредува минатото.Извадок од драмата — сцена 9ВАЊАДали луѓето стварно се оставаат така, без ниту еден збор?(Долга пауза.)МАРТАКога луѓето се засакуваат, се отсакуваат и се оставаат, тоа никогаш нема никаква врска со зборови.ВАЊАМногу сакам да те запознаам.МАРТАЈас сум досадна жена, Вања.ВАЊАНашите души се поврзани на некој мистичен начин. Ние сме биле заедно во некој претходен живот. Ти да си мојата друга половина.(Ја бакнува нежно, со многу љубов.)Те сакам, Марта.(Марта како да се буди од некаков сон.)МАРТАПрестани! Престани!ВАЊАШто да престанам? Ти престани да го правиш тоа.МАРТАШто да престанам, Вања? Зошто се лутиш?ВАЊАСекогаш го правиш истото, секогаш кога сакам да ти кажам нешто убаво, ти решаваш да го уништиш моментот. Те сакам, Марта, сфати го тоа!МАРТАВања, тоа не е љубов. Тоа е...ВАЊАШто е тоа Марта? Ајде кажи ми? Ти, како една стара и искусна жена, мора многу подобро од мене да знаеш, така?!МАРТАЈас само сакам да те заштитам. Се договоривме дека ова е само забава, убаво ни е, ќе го правиме додека ни е убаво.ВАЊАА што ако ни биде убаво засекогаш? Зошто мислиш дека не може да ни биде убаво засекогаш?(Пауза.)Петнаесет години! Ме заболе за тие 15 години. Што значат тие 15 години?!МАРТАДобро, кажи што сакаш од мене?ВАЊАСакам кога ќе ти кажам дека те сакам да не се понашаш со мене како да сум мало дете што кажало дека сака чоколадо. Само толку барам од тебе.МАРТАДобро, Вања, еве... фала ти што ме сакаш. Тоа не е одговорот што го очекуваш, нели? Јас не можам да ти кажам дека те сакам затоа што јас знам што значи тоа.ВАЊАМене и тоа ми е доволно.МАРТАНе ти е, Вања, никому не треба тоа да му биде доволно. Треба да бараш повеќе. Не викам дека никогаш нема да те сакам. Ама немој да изнудуваш од мене да кажам нешто што не сакам да го кажам. Позади тие зборови на одредени години постои одговорност.ВАЊАНа одредени години?!МАРТАДа, Вања, на одредени години. Тие одредени години се фактичка состојба. Драг си ми и убаво ми е со тебе. Тоа е сè што во овој момент можеш да добиеш од мене. Ти викаш дека тоа ти е доволно, ама не треба да ти биде. Треба да бараш да бидеш сакан на истиот начин на кој сакаш. Јас сум оштетена жена и јас, најверојатно, никогаш нема да можам да сакам никого така како што ти ме сакаш мене.(Марта почнува да плаче.)ВАЊАИзвини, Марта... извини... јас само сакав...МАРТАИзвини ти. Не си ти крив, не знам што ми е во последно време, како да не сум своја.(Ги брише солзите, се прегрнуваат.)ВАЊАУбаво ни е... само тоа е важно... убаво ни е.За целосниот текст и информации за изведување, контактирајте ја авторката.
Првиот дел од Трилогија за „љубовта“ — драма инспирирана од поезијата на Ацо Шопов, која ги истражува љубовта, бракот, родовите односи и општествените норми. Премиерно изведена во Македонскиот народен театар во 2024 година, во копродукција со Перипетија продукција. Англискиот превод е објавен во The Mercurian во 2025 година.
Синопсис
Марта Верина има триесет и пет години, работи во градскиот архив и знае напамет по една песна за секоја можна ситуација во животот. Но за сопственото минато тешко наоѓа зборови. Петнаесет години по врската што оставила длабока трага во нејзиниот живот, средбата со дваесетгодишниот Вања ѝ нуди можност повторно да почувствува блискост — под услов сè да остане лесно, без ветувања и без прашања.
Вања, меѓутоа, не сака да биде само минлива авантура. Додека нивната врска станува подлабока, неговата семејна приказна почнува вознемирувачки да се доближува до нејзината. Околу нив, пријателите играат карти, се шегуваат и се оговараат, откривајќи колку малку знаат за болката зад туѓите избори.
Инспирирана од поезијата на Ацо Шопов, „Марта Верина или за мажите, жените и децата“ ги преплетува хуморот, нежноста и болните соочувања во драма за љубовта, мајчинството, премолчените загуби и семејните обрасци што се пренесуваат меѓу генерациите. Во нејзиното средиште е прашањето дали можеме да ја препознаеме љубовта надвор од идеализираните слики — и да направиме место за живот што не го одредува минатото.
Извадок од драмата — сцена 9
ВАЊА
Дали луѓето стварно се оставаат така, без ниту еден збор?
(Долга пауза.)
МАРТА
Кога луѓето се засакуваат, се отсакуваат и се оставаат, тоа никогаш нема никаква врска со зборови.
ВАЊА
Многу сакам да те запознаам.
МАРТА
Јас сум досадна жена, Вања.
ВАЊА
Нашите души се поврзани на некој мистичен начин. Ние сме биле заедно во некој претходен живот. Ти да си мојата друга половина.
(Ја бакнува нежно, со многу љубов.)
Те сакам, Марта.
(Марта како да се буди од некаков сон.)
МАРТА
Престани! Престани!
ВАЊА
Што да престанам? Ти престани да го правиш тоа.
МАРТА
Што да престанам, Вања? Зошто се лутиш?
ВАЊА
Секогаш го правиш истото, секогаш кога сакам да ти кажам нешто убаво, ти решаваш да го уништиш моментот. Те сакам, Марта, сфати го тоа!
МАРТА
Вања, тоа не е љубов. Тоа е...
ВАЊА
Што е тоа Марта? Ајде кажи ми? Ти, како една стара и искусна жена, мора многу подобро од мене да знаеш, така?!
МАРТА
Јас само сакам да те заштитам. Се договоривме дека ова е само забава, убаво ни е, ќе го правиме додека ни е убаво.
ВАЊА
А што ако ни биде убаво засекогаш? Зошто мислиш дека не може да ни биде убаво засекогаш?
(Пауза.)
Петнаесет години! Ме заболе за тие 15 години. Што значат тие 15 години?!
МАРТА
Добро, кажи што сакаш од мене?
ВАЊА
Сакам кога ќе ти кажам дека те сакам да не се понашаш со мене како да сум мало дете што кажало дека сака чоколадо. Само толку барам од тебе.
МАРТА
Добро, Вања, еве... фала ти што ме сакаш. Тоа не е одговорот што го очекуваш, нели? Јас не можам да ти кажам дека те сакам затоа што јас знам што значи тоа.
ВАЊА
Мене и тоа ми е доволно.
МАРТА
Не ти е, Вања, никому не треба тоа да му биде доволно. Треба да бараш повеќе. Не викам дека никогаш нема да те сакам. Ама немој да изнудуваш од мене да кажам нешто што не сакам да го кажам. Позади тие зборови на одредени години постои одговорност.
ВАЊА
На одредени години?!
МАРТА
Да, Вања, на одредени години. Тие одредени години се фактичка состојба. Драг си ми и убаво ми е со тебе. Тоа е сè што во овој момент можеш да добиеш од мене. Ти викаш дека тоа ти е доволно, ама не треба да ти биде. Треба да бараш да бидеш сакан на истиот начин на кој сакаш. Јас сум оштетена жена и јас, најверојатно, никогаш нема да можам да сакам никого така како што ти ме сакаш мене.
(Марта почнува да плаче.)
ВАЊА
Извини, Марта... извини... јас само сакав...
МАРТА
Извини ти. Не си ти крив, не знам што ми е во последно време, како да не сум своја.
(Ги брише солзите, се прегрнуваат.)
ВАЊА
Убаво ни е... само тоа е важно... убаво ни е.
За целосниот текст и информации за изведување, контактирајте ја авторката.



