„Франкенштајн“ со награда за колективна игра во Темишвар
„Франкенштајн“ на Театарот за деца и младинци во Скопје ја освои Наградата за колективна игра на 11. издание на Меѓународниот фестивал за анимација „Под волшебното стапче на Мерлин“ во Темишвар, Романија.
Претставата беше изведена на 1 октомври во Унгарскиот државен театар „Чики Гергељ“. Според соопштението на театарот, пренесено од СДК.мк, меѓународното жири ги препознало уметничката синергија, прецизноста и емоционалната ангажираност на ансамблот.
Повеќе за „Франкенштајн“ · Прочитајте ја оригиналната вест на СДК.мк