„Анна“ гостуваше на фестивалот Sexual Theatre во Зеница
„Анна“, по текст на Драгана Лукан Николоски и во режија на Нина Николиќ, гостуваше на сцената на Босанскиот народен театар во Зеница, Босна и Херцеговина, во рамките на второто издание на меѓународниот театарски фестивал Sexual Theatre – Feminist Readings of Classics, објави Умно.
Фестивалот е посветен на современите феминистички читања на класичните дела и на преиспитувањето на родовите односи, општествените улоги и позицијата на жената. Инспирирана од романот „Ана Каренина“ на Лав Толстој, претставата ги истражува љубовта, семејните односи, личната слобода и правото на индивидуален избор.
Гостувањето го продолжи меѓународниот сценски живот на „Анна“, по освоениот Гран при на фестивалот „Златен лав“ во Умаг, каде што Маја Љутков доби и актерска награда за насловната улога.
Повеќе за „Анна“ · Прочитајте го оригиналниот извештај на Умно